Вечерва избувнал пожар во Општина Неготино, на подрачје помеѓу манастирот Свети Ѓорѓи и градската депонија Дуброво. Вознемирени граѓани доставија фотографии и видео снимки до Викимедиа, и појаснуваат дека пламените се протегале на голема површина, а како што велат, во тој дел имало и лозја.
Од ТППЕ Неготино во телефонски разговор потврдија дека нивните екипи веќе биле на терен, а според првични, неофицијални информации, горела сува трева и ниска вегетација. Повеќе детали се очекуваат во тек на утрешниот ден.
В.К.

