Вистинска драма се случувало во неготинско село вчера, кога 49-годишен маж тргнал да му се заканува на брат му и на неговото семејство со моторна пила. Во момент кога тие се обидувале да го спречат и му ја одзеле пилата, тој паднал и завршил со тешки телесни повреди, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
-Вчера во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Н.А.(49) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејниот дом на неговиот брат во истото село, му се заканувал нему и на неговото семејство, а се обидел и да ги нападне со моторно пила, но го спречиле и му ја одзеле пилата.
Според пријавеното, Н.А. во еден момент паднал и се повредил, по што бил пренесен во Општа болница Кавадарци, каде му биле констатирани телесни повреди. Пилата била одземена, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од СВР Велес.
Деск
Фото: Илустрација

