Од Здружението за помош и поддршка за лицата со Даун синдром ,,Вера”, се организира настан за кој е потребна помош од најмладите. Имено, од денес, па се во наредните десет дена, деца на било која возраст од земјава се повикуваат да испратат цртеж кој ја отсликува нивната љубов за другарчето, а цртежите ќе бидат изложени во октомври, месецот за подигање на свеста и прифаќање на лицата родени со Даун синдром. Најдобрите пет цртежи ќе бидат наградени.
-Дечки, еве не нас со повик до сите вас!!!
Ајде сите да ни испратите цртеж којшто ја отсликува љубовта за вашето другарче, а ние организираме настан на кој сите дела од вашите рачиња ќе бидат изложени!
Најдобрите 5 ќе бидат наградени!
Имате 10 дена започнувајќи од денес, да ни ги испратите на нашиот Инста или ФБ профил. На цртежот напишете го своето име, презиме, возраст и од кој град ни доаѓате! Дозволена е помош од мама,тато,бато,баба и сите кои сакаат да ни покажат колку е важна љубовта!
Сите цртежи ќе бидат изложени во октомври и со тоа ќе го одбележиме месецот за подигање на јавната свест и прифаќање на лицата родени со Даун синдром, повикуваат од тимот на здружението ,,Вера”, Струмица.
Деск

