Во раните утрински часови, односно околу 03:30 часот во СВР Охрид e пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, се случила несекојдневна несреќа.
Имено, според пријавата, 15-годишен малолетник од Канада, a со престој во орхидското село Долно Лакочереј, управувајќи мопед „Априлија“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лисица и паднал на коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, соопштија од МВР.
Деск

