Мишко Крстевски ја освои првата награда од публика на 32-то издание на реномираниот фестивал Охрид Фест – Охридски Трубадури 2025. Тој настапи со песната ,,Соња” за која текстот и музиката се негови, додека аранжманот е на Љупчо Соколовски.
Втората награда од публика замина во рацете на Татијана Стефановска, додека пак третата награда ја освои дуетот Благица Павловска и Жаклина Крстевска.
Од жири комисијата пак, првата награда ја освои Ивана Серафимовска со песната ,,Се ми се познава” со музика и аранжман на Орце Лазаров, а текст на Борче Нечовски.
Втората награда од жири ја освои Горан Тодоровски, а третата Кирил Белистојаноски.

На социјалните мрежи победниците добиваат бројни честитки и пораки дека наградите заминале во вистинските раце, и дека скромноста и музичкиот квалитет кои ги поседуваат наградените изведувачи, заслужено им ја донеле победата.
Синоќа, на фестивалот беа доделени повеќе награди, и тоа за најдобар дебитант – Софија Пуровска, најдобар текст – Ѓорѓи Калајџиев, најдобар аранжман – Сашо Ливрински, најдобра интерпретација – Драган Николовски – Даце, најтрубадурска песна – група Чардак, награда од новинарите – Нино Величковски, награда Ацо Ангелески Сенатор – „Само ти“ во изведба на Јованка Јо и награда за најслушана песна помеѓу два фестивали – Петар Нечовски.
Вечерва во Охрид се одржува Интернационалната вечер во склоп на Охридски Трубадури, која започна порано од најавеното, поради лошото време кое го зафати градот.
Вики Клинчарова

