Кавадарчанец кој управувал товарно возило сканиа, вчера бил запрен во Неготино, а полициските службеници од ОВР Неготино констатирале дека тој го управувал возилото со регистарски таблици од друго возило.
-На 30.08.2025 во 12:40 часот, на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино, при контрола на товарно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(36) од Кавадарци, констатирале кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 став 3 од КЗ на РСМ, односно дека на возилото биле ставени регистерски таблици од друго возило, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
Од таму додаваат дека бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Неготино, возилото било одземено и по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава.
Кавадарчанец возел сканиа со туѓи таблици, го фатиле полициски службеници од Неготино
1 Min Read
Previous ArticleСемејството Зафирови брилираше во Букурешт: Ангела, Габриела и Тоше и донесоа медали на Македонија!
Next Article Наградени маратонците од Охридскиот пливачки маратон

