На пригодна свеченост беа доделени наградите на маратонците кои пливаа на 38-от Охридски пливачки маратон.
Победници во машка конкуренција се: Матео Фурлан – Италија, Федерико Тамборино – Италија и Матијас Диас Хернандес – Аргентина, кои имаа исто време.
Во женска конкуренција победничка е Мајте Ајлен Пука од Аргентина, второпласирана Ерика Јенсен од Аргентина и трета Милица Љубисављевиќ од Србија.
Наградниот фонд на маратонот оваа година изнесуваше 15.000 евра.
Инаку, маратонот беше прекинат поради лошите временски услови, а согласно пропозициите, водечките во моментот на прекинувањето на трката се и победници на маратонот.
Деск

