Вчера наутро на паркинг простор во Велес биле нападнати сопружници од градот. Според пријавата во полиција, две лица првин ја нападнале жената, а потоа влегле и во автомобилот во кој бил нејзиниот сопруг, па го нападнале и него со дрвен предмет.
За настанот извести Секторот за внатрешни работи Велес.
-На 02.09.2025 во 08:20 часот во СВР Велес, Ж.Р.(51) од Велес пријавила дека на паркинг простор на улица „Прохор Пчински“ во Велес, А.Р. и С.Ј. физички ја нападнале, а потоа, влегле во паркирано патничко возило во кое бил нејзиниот сопруг и со употреба на дрвен предмет го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.
Деск
Нападнати сопружници во Велес: Напаѓачите со дрвен предмет им влегле во паркирано возило
1 Min Read
Previous ArticleПосле панаѓурот, центарот на Неготино станува големо градилиште: Градот ќе добие функционален и модерен изглед!
Next Article Министерот Трипуновски береше грозје во Сопот

