Градоначалникот на Општина Неготино, д-р Горан Стојанов (47), пријавил во Секторот за внатрешни работи Велес дека на неговиот профил на социјална мрежа добивал пораки со заканувачка содржина.
Од СВР Велес го потврдуваат настанот, кој градоначалникот го пријавил во вторникот (02.09.2025) во 13:00 часот.
Од таму додаваат дека се превземаат мерки за расчистување на настанот.
Инаку, ова е прв мандат на д-р Стојанов како прв човек на општината и тој не влегува во игра за нов мандат на претстојните избори.
Синоќа од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на редовна седница на Извршниот комитет на партијата, како кандидат за градоначалник на Неготино е избрана Марија Нацева, долгогодишен партиски активист.
В.К.
Неготинскиот градоначалник пријавил во полиција дека добива заканувачки пораки!
1 Min Read

