Популарната српска пејачка Наташа Беквалац (44) ќе биде главна музичка ѕвезда на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2025, вечерва во Кавадарци. Нејзиниот концерт на градскиот плоштад ќе започне во 23.30 часот, а пред неа настапи ќе имаат Куку Леле и Андријана Петрушовска.
Ова е втората гроздоберска вечер во градот, кој од вчера е полн со посетители од земјава, но и бројни гости од збратимените градови на Општина Кавадарци од други земји.
Синоќа пак, на големата сцена на плоштадот настапија Диџеј Oky Doky, Тајзи и Теодора Џехверовиќ.
Освен на плоштадот, голем број на посетители има и во Паркот на револуцијата, каде настапуваат локални бендови. Во локалите низ Кавадарци пак, ангажирани се десетици познати музичари од земјава кои ги забавуваат гостите.
Покрај музичката програма, во Кавадарци деновиве се одржуваат и многу други културно-забавни настани, на повеќе локации во градот.
Деск

