Откако завчера беше запален неговиот автмобил БМВ 5, претседателот на градската организација на СДСМ за Скопје и поранешен директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорги Галетановски, нуди парична награда за информација која ќе доведе до откривање на нарачателот, односно извршителот на делото.
На социјалните мрежи тој се заблагодари за поддршката која ја добил по настанот, и вели дека ќе направи се што е во негова можност за да се дознае кој стои зад палењето на автомобилот.
-За жал некогаш треба да ни се случи лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што навистина не беше можно на сите да вратам и кренам.
Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам така и ќе продолжам. Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го земаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа, сигурен сум.
Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира, ќе биде награден со 2-3 илјади евра, истакна Галетановски.
Вчера пак, за ВИКИМЕДИА тој изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарните екипи била спречена голема катастрофа, бидејќи веднаш до местото каде горел неговиот автомобил имало многу згради. Кажа дека автомобилот не му бил осигуран, но не поради финансиска загуба, туку поради враќање на мирот на граѓаните, надлежните служби треба веднаш да го најдат сторителот.
Од Министерството за внатрешни работи пак, соопштија дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземале мерки за расчистување на случајот. Покрај неговиот автомобил, од пожарот биле зафатени уште две патнички возила.
В.К.
Галетановски нуди награда од 2-3 илјади евра за информација која ќе доведе до откривање на лицето кое му го запали автомобилот!
2 Mins Read
Previous ArticleНовите процедури за влез во Шенген зоната навремено ќе им бидат појаснети на граѓаните, за да нема застој на патните премини
Next Article Сообраќајната полиција доби 23 мотоцикли

