Од наредниот месец, повеќето земји членки на Европската Унија постепено ќе го воведуваат новиот систем за влез и излез, познат како EES (Entry/Exit System). Овој дигитален систем ќе ја регистрира секоја личност која не е од ЕУ и која ќе влегува во Шенген зоната на краток престој до 90 дена.
Системот важи за Македонија, како и за уште 58 земји надвор од ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.
Наместо печат во пасош, овој систем подразбира дигитална регистрација на биометриски податоци – отпечатоци од прсти, слика на лице и информации од пасошот. Постепено, во рок од шест месеци, системот ќе се воведува на сите надворешни граници на 29 земји, а целосно ќе функционира од 10 април 2026 година.
Според информациите на веб страната на Европската унија – системот за влез/излез (EES) ќе започне на 12-ти октомври 2025 година и ќе се имплементира во наредните шест месеци во 27-те членки на ЕУ, како и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев кажа дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе пополнуваат онлајн апликации.
Од Министерството за внатрешни работи пак, најавија навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, за да нема застои на патните премини.
Деск
Новите процедури за влез во Шенген зоната навремено ќе им бидат појаснети на граѓаните, за да нема застој на патните премини
2 Mins Read

