Македонскиот победник на музичкиот натпревар ,,Ѕвездите на Гранд”, Никола Станишиќ, ќе биде гостин на концертот на Саша Матиќ, кој ќе се одржи во Велес.
Настанот е закажан на 18-ти октомври во Спортската сала Гемиџии, а влезниците веќе се пуштени во продажба. Од организацијата најавија дека Никола ќе ја има честа да го отвори концертот.
Младиот пејач пред десеттина дена и гостуваше на Цеца Ражнатовиќ на концертот во Крива Паланка, на кој имаше околу 50.000 посетители. Тогаш тој на социјалните мрежи и се заблагодари на Цеца, и порача дека чувството да се пее пред толку многу народ било остварување на неговиот сон.
-Единствена е Цеца! Ти благодарам на поканата да бидам твој гостин во Крива Паланка, иако никој друг не се сетил да ме повика, и ти благодарам за уште еден мој остварен сон, порача Станишиќ.
Пред гостувањето на концертот на Цеца пак, тој пееше на плоштадот во Автокоманда, а во декември е најавена негова турнеја во Австралија.
Деск
Откако кажа дека само Цеца се сетила да го покани на настап, Никола Станишиќ поканет да му гостува и на Саша Матиќ на концертот во Велес
1 Min Read

