Со тешки телесни повреди се здобил охриѓанец на возраст од 53 години, откако синоќа паднал од третиот кат на зграда, информира Секторот за внатрешни работи Охрид.
Од таму додаваат дека вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид.
-Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Охрид.
Деск

