Од 12-ти до 14-ти септември Гевгелија ќе биде домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south). Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти, соопштија од организацијата на настанот.
Додаваат дека под покровителство на Општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија на локација кај новиот пазар три дена ќе пулсира и живее во духот на она што југот го има како традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети подготвени по традиционални рецепти.
Како што вчера беше истакнато и на вчерашната ПРЕС конференција одржана во општинската зграда на која говореа градоначалникот на Гевгелија, Андон Сармандов, првиот човек на продукцијата која е коорганизтор – Пане Темов и официјалниот ПР на годинешната маниестација, Антонио Димитриевски, во нејзините содржини е предвидена и богата културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички друштва и фолк ансамбли и солисти, тука се школата за тапани, школата за гитара, школата за танци, детскиот фестивал “Калинка“ и уште многу други, разновидни содржини за сите вкусови и возрасти.
-Вечерните настапи и концерти на мноштвото млади, локални изведувачи и секако внимателно направен избор исклучиво од најпознатите македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови се најатрактивниот дел од програмата, во кои ќе кулминира забавата за сите генерации. Така распоредени во три вечери, 12, 13 и 14 септември, меѓу останатите свои настап ќе имаат „Љубојна“, Дани Димитровска, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Јанг Дади… а ѕвезди не само на третата вечер туку и убедливо најголемо име на целата фестивалска манифестација е легендарната македонска група „Меморија“ која ќе го затвори фестивалот со свој целовечерен концерт во недела, на 14. септември со своите познати хитови: „Нена“, „Одам за секогаш“, „Снежо, Снежана“„Дирлада“ … како и безвременските балади „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“ или последната „За тебе“, истакнаа огранизаторите кои порачаа дека во градот ќе се спојат традицијата, културата и забавата.
Деск
Домашни изведувачи и презентација на приготвување на ајвар, слатко од смокви и гевгелиска мастика на „Вкуси го југот“ во Гевгелија
2 Mins Read
Previous ArticleРаботник од Кина загина во Кавадарци, го удрил кран

