Маж на возраст од 53 години ја нападнал со нож својата вонбрачна партнерка во раните утрински часови, додека спиела, и и нанел повреди, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од таму додаваат дека се преземаат мерки за негово пронаоѓање, додека пак жената била пренесена во болница.
-На 14.09.2025 во 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, 39-годишна жена била нападната со остар предмет од нејзиниот вонбрачен партнер Д.М.(53) од Скопје додека спиела, при што се здобила со повреди.
Таа е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот, известија од МВР.
Деск

