Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време, известија од Министерството за животна средина и ПП.
Од таму истакнуваат дека мерната станица била поставена на барање на Меџити, а на теренската посета со него била и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.
-Министерот Меџити во текот на посетата изврши увид во функционирањето на новоинсталираната мерна станица за квалитет на амбиентен воздух.
Посетата има за цел да го потенцира значењето на мониторингот на квалитетот на воздухот и унапредувањето на животната средина преку меѓуинституционална соработка.
Мерењата ќе се извршат секојдневно 24/7 за да се следи квалитетот на воздухот, и навремено информирање на јавноста, која ќе има можност да ги следи податоците во реално време, соопштија од министерството.
Деск
Дури откако се случи хаваријата во Трубарево, поставена мерна станица да го проверува квалитетот на воздухот
1 Min Read

