Млад колекционер на олдтајмери останал без 25.000 долари, откако на социјалните мрежи запознал Американец, кој му понудил на продажба Форд Мустанг, по цена од 50.000 долари. Како што се договориле, момчето првин му уплатило преку банка 25.000 долари, а втората половина од сумата требало да му ја даде кога ќе му го донеселе олдтајмерот. На крај, останал без пари и без Мустанг, а со Американецот изгубил контакт.
Потоа, во понеделникот го пријавил случајот во полиција, а од Министерството за внатрешни работи го потврдија настанот.
-Во понеделникот во 14:05 часот во ОВР Гостивар, 29-годишник од гостиварско село пријавил дека бил измамен од Г.П. од САД за сума од 25.000 американски долари. Според пријавеното, на 03.09.2025 преку социјални мрежи тој стапил во контакт со лицето и се договориле да купи патничко возило „форд мустанг“ олдтајмер од 1968 година и првата поливина од цената да ја плати веднаш, а другата откако ќе го добие возилото.
Како што е пријавено, тој извршил уплата во филијалата на банка во Гостивар и по неколку дена изгубил секаков контакт со лицето, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопштија од полицијата.
Деск
Американец измамил момче од Македонија: Му ветил дека ќе му донесе олдтајмер за 50.000 долари, и го убедил да му уплати половина од сумата!
1 Min Read

