Со особена гордост и восхит објавуваме дека првенецот на ансамблот на МНТ, Игор Џамбазов, е добитник на признанието Лауреат на 17. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, соопштија од Македонскиот народен театар.
-Игор Џамбазов е безвременски уметник – глас и лик кој ја збогатува македонската театарска сцена со страст, а неговиот талент остава длабока трага што се памети. На 29-ти септември 2025 година во 12:30 часот во големата сала на Општина Крива Паланка свечено ќе му биде доделено признанието.
Наградата за посебни заслуги во развојот на театарската уметност му се доделува како признание за неговиот исклучителен придонес и посветеност, истакнаа од МНТ.
Помеѓу добитниците н аова признание во годините наназад се Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Јелена Жугиќ, Коле Ангеловски, Гоце Ристовски, Петар Темелковки, Благоја Чоревски и други.
Деск

