Министерот за култура Зоран Љутков добил висока награда во Турција. Станува збор за главната награда „Да за уметност“, највисокото признание на Меѓународните Медитерански театарски награди.
-Со искрена радост ја споделувам веста дека во Анталија, Република Турција, ја примив главната награда „Да за уметност“, највисокото признание на Меѓународните Медитерански театарски награди.
Оваа награда е голема чест и силна потврда за вредноста на мојата работа и долгогодишната посветеност на развојот на театарот и културата. Таа претставува признание не само за личниот труд, туку и за заедничкиот напор на сите што со љубов и верба придонесуваат уметноста да биде движечка сила во нашето општество.
Длабока благодарност до реномираната комисија на наградите за ова признание, како и до сите пријатели, колеги и поддржувачи кои беа дел од секој чекор на овој пат.
Заедно со наградените уметници од седум провинции на Медитеранот и од повеќе земји, ја славиме моќта на културата и уметноста што не поврзува и инспирира, порача Љутков.
Деск

