Од ЈП Комуналец Неготино денес се огласија по повод актуелната забрана за употреба на водата за пиење, која е на сила веќе неколку денови наназад. Како што информираат, иако резултатите биле добри, сепак забраната за користење на водата за пиење, какои за приготвување на храна со неа, се уште останува, се до добивање на втори негативни резултати од Центарот за јавно здравје Велес.
-Денес ги добивме резултатите од првите земени мостри за анализи за делот од градот, односно улиците каде што водата беше забранета за употреба, за пиење и приготвување на храна. Резултатите се добри, односно сите резултати се негативни освен на дел од улицата 11-ти Октомври, на горниот крај кон улица Индустриска.
Сепак и понатаму останува дека водата НЕ ТРЕБА да се употребува за пиење и приготвување на храна се до добивање на вторите негативни резултати за кои денес се земени мостри од истите места како и првиот пат.
Апелираме до вас, чувајте го вашето здравје.
Да не ја употребуваме водата за пиење и за приготвување на храна уште неколку денови, се до пристигнување и на вторите негативни резултати, истакнаа од ЈП Комуналец.
Деск

