Со тешки телесни повреди се здобило малолетно момче, кога завчера било физички нападнато и тепано со боксирач од страна на 16-годишник, информира Министерството за внатрешни работи.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 21.08.2025 во с.Карбинци, општина Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник, и притоа употребил т.н. боксирач, нанесувајќи му тешки телесни повреди, соопштија од полицијата.
Деск

