Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Неготино, Вуле Младеновиќ и Елеонора Настова Димова, која е кандидат за советничка во општинскиот Совет, соопштија дека доколку бидат избрани на претстојните Локални избори, во тек на целиот четиригодишен мандат, ќе ги донираат своите паушали.

Советничките примања на месечно ниво изнесуваат околу 22.000 денари, односно околу 4.300 евра годишно за еден советник, или вкупно за двајцата, за време од четири години, тие би се откажале од сумата од околу 34.000 евра и средствата ќе ги насочеле таму, каде ќе биле најнеопходни.
Како што истакнуваат, во целост ќе ги донираат хонорарите за хуманитарни цели, во корист на граѓаните и заедницата.
-Ќе почнам лично од мене, моите советнички примања ќе ги донирам во полза на општината. Повеќе од доволно знам како е да немаш, и тоа е најмалку што можам да направам. Ги повикувам и останатите кандидати, од цела држава, да го следат овој пример, порача Младеновиќ.
Тој е дипломиран доктор по ветеринарна медицина, и вработен е како помлад инспектор за храна во Агенција за храна и ветеринарство П.Е. Неготино.
Настова Димова пак, е дипломиран психолог и повеќе од две децении работи како претприемач и менаџер.
В.К.

