Хрватската музичка ѕвезда Северина, која гостуваше на Питијада во Велес, ги сподели своите впечатоци од настанот.
Таа објави повеќе фотографии и видео од вечерта која помина со огромен број на публика и истакна дека пред секој концерт се подготвувала како да и е прв, а пеела како да ќе и биде последен.
За знамето со сонцето од Кутлеш, кое го вееше и со кое играше на сцената пак, напиша: Моето срце е врзано за Македонија, и ми беше голема чест ова знаме кое ми го врачивте, да го носам на грбот. Чувајте ја Македонија!
Потоа, објави фотографии од хотелската соба и покажа дека знамето си го зела со себе.

Покрај Северина, на Питијадата која траеше три дена настапија и Калиопи, Бајага, Либеро Бенд, Ѓоко Ѓорчев и Катерина Танева, Перо Христов, Пајак и други.
Велешкиот градоначалник Марко Колев порача дека градот три дена живеел во незаборавна енергија и се заблагодари на изведувачите и на посетителите.
Деск

