Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија до 22:40 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 48.870 гласови, од обработени 57,81 % од гласовите.
Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 15.124 гласови, Башким Бакиу од ВЛЕН со 14.480 гласови, Каја Шукова од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) со 13.151 гласови и Скендер Реџепи од „Националната алијанса за Албанците“ (НАИ) со 13.020 гласови.
Од Левица истакнаа дека се задоволни од резултатите и имале информации дека во Аеродром, Кисела Вода и Карпош имаат водство пред СДСМ.
Во Велес имале повеќе советнички места од СДСМ, а се зголемиле советничките места и во Кавадарци и Гостивар.
Деск

