Со музика во живо и голем број на народ на улиците, по 20 години ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Струмица. Кандидатот за градоначалник Петар Јанков прогласи победа, и им порача на сограѓаните дека ќе можат мирно да спијат, бидејќи започнувала вистинска трансформација на општината.
-Народот ја препозна мојата воља, посветеност и љубов кон Струмица — љубовта да создадам општина која ќе биде дом за секој од вас.
Оние кои ме познаваат знаат каква личност застана пред нив, човек кој работи чесно, искрено и со визија. А за оние кои сè уште не ме запознале – знајте дека моите врати секогаш ќе бидат отворени за разговори, идеи и заедничка работа во интерес на сите граѓани.
Оваа историска победа не е само моја, туку победа на сите вас – граѓаните на Струмица.
Сега следуваат четири години на посветена работа, четири години во кои ќе го оправдам секој даден глас и секоја ваша доверба.
Јас, Петар Јанков – татко, сопруг, пријател, а од вечерва и градоначалник на Општина Струмица, ви ветувам дека ќе можете мирно да спиете, бидејќи започнува вистинската трансформација на нашата општина.
Ви благодарам за довербата, за поддршката и за тоа што застанавте рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ, порача Јанков.
Деск
По 20 години ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Струмица: Ветувам дека ќе можете мирно да спиете, кажа Петар Јанков
1 Min Read

