Во полициската станица во Неготино бил изврешен службен разговор со маж од Криволак, бидејќи неготинец го пријавил во полиција поради закани.
Како што информира Секторот за внатрешни работи Велес, според пријавата, заканувањето се случило во угостителски локал во Неготино, и се преземале дополнителни мерки за документирање на настанот.
-На 22.10.2025 во 17:00 часот, во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со С.Т.(57) од село Криволак, неготинско, по претходна пријава од Љ.Т.(67) од Неготино, дека во угостителски објект во Неготино му се заканувал.
Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно документирање на настанот и поднесување на соодветен поднесок, соопштија од полицијата.
Деск
Извршен службен разговор со маж од Криволак, кој во кафеана му се заканувал на неготинец
1 Min Read

