Денес во Кавадарци се одржа 18 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој присуствуваат околу 3.000 делегати и гости. На истиот, лидерот на паријата, Христијан Мицкоски бара трет мандат, и е единствениот предложен кандидат за претседател на партијата.
По повод Конгресот, видео обраќање имаше премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, кој им честиташе на сите членови на ВМРО-ДПМНЕ за достигнувањата во последните две години.
-Ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. По долги години опозиција, ВМРО сега стана една од најуспешните политички сили во Европа.
Нема подобра препорака од самиот успех! Ви благодарам за можноста а соработувам со вашиот претседател Христијан Мицкоски и ви препорачувам да продолжите да го поддржувате со вашата доверба во него.
Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во владините задачи што претстојат. Бог да ги благослови македонските патриоти, истакна Орбан.
На Конгресот, Мицкоски порача дека треба да престанеме да бидеме публика во сопствената држава, и да престанеме да дозволуваме стравот, цинизмот или навиката да го определуваат нашиот пат.
Кажа дека Македонија е голема, како што е голема волјата да ја направиме подобра земја.
Деск
ВМРО СТАНА ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ ПОЛИТИЧКИ СИЛИ ВО ЕВРОПА, КАЖА ОРБАН НА ОБРАЌАЊЕТО ПО ПОВОД КОНГРЕСОТ
1 Min Read

