Зоран Трифуноски (57) од Охрид, кој на трети декември се оддалечил од семејниот дом, и кој беше пријавен за исчезнат, е лицето чие безживотно тело било пронајдено во поранешни оранжерии.
Од Секторот за внатрешни работи Велес известија дека телото било пронајдено на шести декември, а наредниот ден се утврдило дека станува збор за Трифуноски.
-На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција, соопштија од полицијата.
Претходно, неговиот брат, Димче, за ВИКИМЕДИА изјави дека Зоран во средата се вратил дома, го оставил автомобилот и мобилниот телефон, и пак излегол, по што му се изгубил траг. Тој ја објави неговата фотографија на социјалните мрежи, апелирајќи за помош од јавноста во пронаоѓањето на неговиот брат.
В.К.
ВО ПОРАНЕШНИ ОРАНЖЕРИИ Е ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ЗОРАН КОЈ БЕШЕ ПРИЈАВЕН ЗА ИСЧЕЗНАТ
1 Min Read
Previous ArticleТАПАНАРОТ НА РИБЉА ЧОРБА ОБЈАВИ СОЛО АЛБУМ!

