Навивачката група Винари Неготино 1992, излезе со јавен предлог за поставување на светлечки крст на ридот над градот, односно на локалитетот Антигона. Како што информираат од групата, целта е разубавување на влезот на градот, но и зачувување на христијанските вредности.
-Иницијатива од навивачката група која го обединува градот, се заложува за подигање на свеста и одговорноста, во духот на традиционалните христијански и морални вредности кој нашиот град и народ ги негува, поднесуваме јавен предлог за подигање на светлечки Крст на локалитетот Антигона, поточно на врвот на ридот над Цигланата.
Со самото подигање на оваа обележје, како што ги зачувуваме нашите вредности, така и го разубавуваме влезот на нашиот град, објавија Винари.
На социјалните мрежи огромен број на граѓани ја поддржаа иницијативата, но актуелни се и коментари на неготинци кои бараат не само светлечки крст, туку и функционално улично осветлување.
Посебно се реагира за делот околу спортската сала Младост, каде многумина пешачат во вечерните часови, како и осветлување на детските игралишта, со цел да се спречи ванадализамот на реквизитите, кој најчесто се случува во ноќните часови.
В.К.
Previous ArticleARGY ПРИСТИГНУВА ВО СКОПЈЕ!

