Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најавува големи протести, за да се спречело носење на мигранти во Македонија. После започнувањето на петицијата против носење на мигранти, од партијата ќе излезеле во Собранието и ќе барале изгласување Резолуција, која доколку не била прифатена, ќе се одело на протести.
Како што истакна, од нивни извори од Британија знаеле дека Владата дала потврда за носење на мигранти.
-Сите релевантни британски медиуми објавија дека постои договор за Македонија да прима мигранти. Објавија дека според тој договор Британија треба да и исплаќа на Македонија по 20.000 фунти по мигрант и се спомнуваат вработувања, постојано домување, сместување во згради…
Ги повикувам ВМРО-ДПМНЕ, нека излезат и нека кажат, дали сите лажат, односно дали цел свет лаже, само ДПМНЕ не лаже, порача Филипче.
ВИКИМЕДИА го контактираше лидерот на СДСМ, со цел да дознаеме во кои британски медуми е објавена сумата од 20.000 евра по мигрант, која наводно ќе и биде исплаќана на Македонија.
Тој ни достави линк од новинарски текст објавен во express.co.uk, а кој пак се повикува на информација објавена во Тајмс.
(https://www.express.co.uk/news/uk/2142943/migrants-could-be-deported-north-macedonia-small-boats-crisis)
Сепак, за конкретен договор никаде не станува збор, туку во објавите во британските медиуми пишува за преговори на Британија со Балканот, и за евентуална можност за постигнување на таков договор.
Во врска со обвинувањата дека Македонија ќе прима мигранти, премиерот Христијан Мицкоски во неколку наврати кажа дека нема такво нешто, туку земјата ќе ја зајакнела борбата против илегалната миграција.
Вики Клинчарова

