Претседателката Гордана Силјановска Давкова синоќа била помеѓу гостите на Новогодишниот прием во Амбасадата на Грција. Таа објави фотографии од настанот и истакна дека со домаќините и гостите разговарале за семејствата, музиката и Божиќните обичаи, а не за политика, и времето и поминало за миг.
-Ми беше особено задоволство да бидам меѓу поканетите на Новогодишниот прием во Амбасадата на Република Грција.
Во пријатна и пријателска атмосфера, имав ретка прилика да разговарам со амбасадорката и со вработените, но и со мнозина од гостите за работи што се далеку од политиката: за нашите семејства, за народните носии, за обичаите, за музиката, за прославата на Божиќ!
Времето помина за миг, но спомените од убавата вечер, овековечени со фотографии, ќе останат, објави претседателката.
Таа и се заблагодари на амбасадорката Софија Филипиду за гостопромиството и дружењето, со искрена желба, новата 2026 година да биде година што ќе се помни по меѓусебно разбирање, поддршка и соработка, во духот на добрососедството.
Деск
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА НОВОГОДИШЕН ПРИЕМ ВО ГРЧКАТА АМБАСАДА: РАЗГОВАРАВМЕ ЗА РАБОТИ ШТО СЕ ДАЛЕКУ ОД ПОЛИТИКАТА!
1 Min Read
Previous ArticleНЕМО И ГО ВРАЌА НА ЕВРОВИЗИЈА ТРОФЕЈОТ, СПАКУВАН ВО КУТИЈА!

