Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Е.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, извести МВР.
Пријавениот во својство на советник-даночен извршител во општина Делчево, на 21.12.2021, во врска со барање поднесено од лице од делчевско село, не излегол на лице место за да ја утврди фактичката состојба согласно закон, формирал непостоечка-лажна комисија и изготвил лажен записник за излегување на лице место, а со цел незаконски и противправно да овозможи на друго лице од Делчево да изврши оттуѓување на градежно земјиште во државна сопственост за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација.
Изготвениот невистинит записник, Е.Т. го употребил во понатамошната постапка во врска со поднесеното барање од лицето, кое согласно решението издадено од општина Делчево, уплатило вкупен износ од 450.712 денари на Буџетот на Општина Делчево.
На тој начин, предизвикал материјална штета на лицето за износ од уплатената сума, како и дополнителни трошоци за водење на постапката.
Деск
Previous ArticleУТРЕ НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАК ЌЕ СЕ УНИШТУВА ОГРОМНА КОЛИЧИНА НА МИНСКО-ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДСТВА!
Next Article РОМАНТИЧНО ЗАПРОСУВАЊЕ ВО РЕСТОРАНОТ НА АДРИЈАН ГАЏА

