Своевремено доста популарниот музичар, а денес успешен угостител, Адријан Гаџа, објави кратко видео од роматнично запросување кое се случило во неговиот семеен ресторан ,,Ча-Ча” во Скопје.
За време на вечерата, пред изненадените гости, момче клекна со свршенички прстен во рака пред својата сакана. Девојката, видно возбудена, изговори „да“, а настанот беше проследен со аплауз и честитки од персоналот и гостите.
Инаку, угостителскиот локал ,,Ча-Ча” е во сопственост на фамилијата Гаџа, а започна со работа во 2019 година.
Важи за урбано катче средено според високи стандарди, во популарниот ,,Индустриал стил”, комбинација на дрво и метал, со многу зеленило и ароматични свеќи кои даваат дополнителна топлина на местото.
Локацијата е позната по пријатниот амбиент и добрата храна, каде се добредојдени и милениците.
Адријан пак, на почетокот на 2000-те години беше едно од најпопуларните музички имиња помеѓу младите генерации, а во 2008 година беше наш евровизиски претставник заедно со Тамара и Врчак со песната ,,Let Me Love You”.
По повлекувањето од сцената, посветен е на семејниот бизнис со угостителството.
В.К.
Next Article ПАДНА МАЛ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО

