Единаесетте македонски компании: Комерцијална банка – Скопје, Пекабеско, Малиќи Груп, Кабтел, ГОЛДЕН АРТ, Еко Логистик Сервис – Скопје, ЛТХ Леарница – Охрид, Велидент Трејд, Дамипак, НЕТАМ и БОМИ 10 ЛОГИСТИК се носители на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година.
Тие се наградени за нивниот придонес во развојот на македонската економија и афирмацијата на македонскиот квалитет во земјава, регионот и пошироко, а признанијата им ги додели претседателката Гордана Силјановска Двакова.
-Наградите не се само симболична, туку и суштинска верификација на македонскиот бренд. Не се случаен подарок, туку логична последица на стратешко размислување, примена на современи техники и технологии и системско вложување во креативен човечки капитал.
Резултатите на најдобрите компании се доказ дека македонското стопанство располага со капацитет за конкурентност, иновативност и прогрес.
Во време на глобални геополитички и економски предизвици, посакувам во 2026 година да создадеме поповолна и поконкурентна бизнис-клима, којашто ќе резултира со стабилен раст и подобар животен стандард за граѓаните, порача претседателката.
Деск

