Денес опозицијата преку свои соопштенија и изјави се обидува да ја манипулира јавноста. Европската Комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Од таму појаснуваат дека на состаноците со претставниците на Европската Комисија било најавено преземање дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети.
-По завршувањето на проверките и контролите од страна на надлежните институции, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи без застој.
Напоменуваме дека Македонија останува посветена на искористување на фондовите, во таа насока говори и фактот дека во моментов во регионот во реализација на ИПАРД III програмата, имаме искористеност од 7,3%, што е добро во опкружувањето, веднаш после Турција.
Ниту еден земјоделец нема да биде загрозен во однос на користењето на средствата од ИПАРД III програмата.
Република Македонија е посветен партнер во спроведување и реализација на ИПАРД Програмата и затоа апелираме до опозицијата да се воздржи од неосновани коментари и дезинформации, во интерес на заштита на угледот на државата пред меѓународните институции, соопштија од МЗШВ.
Деск
НЕМА ОДЛУКА ЗА СУСПЕНЗИЈА НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД III ПРОГРАМАТА, ТВРДАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО
1 Min Read

