Полицијата одзела две ловечки пушки, куршуми и ловечка муниција, откако затекнала две лица во незаконит лов, а едно од лицата имало само 14 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, вчера во 05:35 часот во место викано „Ерџелиски лозја“ во с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе ги затекнале В.Ш.(61) и 14-годишник, двајцата од с.Ерџелија, при незаконски лов, односно на место каде што е забранет лов на дивеч.
-Притоа, кај нив се пронајдени и одземени две ловечки пушки, седум куршуми калибар 7мм и 15 парчиња ловечка муниција калибар 12 мм.
За настанот е запознаен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.
Деск

