На градскиот плоштад во Тетово вчера се реализираше најавена активност од анонимен сограѓанин од населбата Поток кој ангажираше Дедо Мраз за да подели новогодишни пакетчиња. Настанот беше збогатен со музика и забава, а беа доделени околу 1000 пакетчиња, објави Тетово инфо.
Како што пренесува медиумот, еден од организаторите на настанот изјавил дека донаторот инсистирал на анонимност, бидејќи за него не било важно кој ги дава пакетчињата, туку му било важно децата да бидат радосни и среќни за време на новогодишните празници.
Целта му била да ги израдува сите кои дошле на градскиот плоштад во Тетово.
Веста за настанот наиде на голема поддршка во јавноста, и неретки се коментарите дека анонимното донирање е чин на искрена солидарност и општествена одговорност.
Иако донаторот останува без јавно признание, вредноста на донацијата се мери преку реалната помош што ја добиваат оние на кои им е најпотребна. Овие донации поттикнуваат доверба и хуманост, а благодарноста е уште поголема затоа што фокусот останува на доброто дело, а не на името зад него.
В.К.
Фото: Тетово инфо
ФОКУСОТ ДА ОСТАНЕ НА ДОБРОТО ДЕЛО, А НЕ НА ИМЕТО КОЕ СТОИ ЗАД НЕГО: АНОНИМНОТО ДОНИРАЊЕ Е ЧИН НА ИСКРЕНА СОЛИДАРНОСТ!
1 Min Read
Previous ArticleКАВАДАРЦИ СЕ ЗБОГУВА СО ПРОФЕСОРОТ КИРИЛ ТЕМКОВ: СЕКОГАШ СО ГОРДОСТ ЗБОРУВАШЕ ЗА СВОЕТО ПОТЕКЛО!
Next Article ПОЧИНА КУЛТНАТА ИКОНА БРИЖИТ БАРДО

