На 91 година почина Брижит Бардо, една од највлијателните француски актерки и културни икони на 20 век. 
Родена во 1934 година во Париз, таа стекна светска слава во 1950-тите и 1960-тите со улоги во филмови како „И Бог ја создаде жената“, станувајќи симбол на слободата, женската еманципација и новиот филмски израз.
На врвот на кариерата, на 39 години, се повлече од филмот и целосно се посвети на борбата за правата и заштитата на животните.
Нејзиното влијание ја надмина уметноста – Бардо остана трајна фигура во поп-културата и јавниот живот, позната по силниот личен став и активизмот.
Деск

