Македонскиот кандидат за наградата „Оскар“, документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, на четврти јануари (недела) ќе ја доживее својата свечена премиера пред домашната публика.
Настанот ќе се одржи во Македонскиот народен театар (МНТ) со почеток во 20:30 часот, со што оваа институција за првпат ќе биде домаќин на кино-промоција од ваков формат.
На настанот е најавено присуство на целата филмска екипа.
Новиот филм на Котевска доаѓа по огромниот успех на „Медена земја“ (Honeyland), кој во 2020 година испиша историја со две номинации за „Оскар“.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 29-ти декември, а по празниците филмот ќе се прикажува и во други градови во земјава.
Деск

