Во пожарот кој за време на новогодишната прослава се случи во клуб во луксузниот швајцарски ски-центар Кранс-Монтана, исчезнал Србинот Стефан Ивановиќ (31), кој работел како обезбедувач во објектот.
Загриженото семејство на младиот човек за Telegraf.rs изјави дека немаат никакви информации за Стефан и само се надеваат дека е жив.

Стефан имал двојно државјанство, и живеел и рабоел во Швајцарија повеќе од дваесет години, а синоќа бил на своето работно место.
-Иако беше објавено дека помеѓу гостите во барот немало Срби, сепак тој има двојно државјанство, изјавиле загрижените роднини, кои апелираат за помош. Додаваат дека телефон на Стефан бил вклучен и по трагедијата, а по неколку часа се исклучил, и само се надевале дека е жив и некаде е згрижен.
Во пожарот загинаа 47 лица, а стотина се повредени.
Деск

