3.000 евра за квадратен метар е највисоката постигната цена минатата година, за стан кој се наоѓа во Општина Центар.
Податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за третиот квартал од 2025 година, покажуваат дека најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189 231 денари, односно 280 000 евра за вкупна површина од 91 квадратен метар кој се наоѓа на територијата на општина Центар. За квадратен метар платени се 3 000 евра.
Цените на становите во Скопје се по постојан пораст, а во градот наскоро ќе бидат изградени 1.177 нови станови за продажба.
Последните податоци од Државниот завод за статистика објавени за октомври лани, покажуваат дека од 446 одобренија за градење, 289 (64,8 проценти) се наменети за објекти од високоградба, како и дека е предвидена изградба на 1 177 станови.
Деск
НАЈСКАПИОТ СТАН КУПЕН ЛАНИ Е ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР, ПО ЦЕНА ОД 3.000 ЕВРА ЗА КВАДРАТ
1 Min Read
Previous ArticleНИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ СО ПУШТАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА 40 КИЛОМЕТРИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД, КОЈ СЕ ГРАДИ ОД 2014 ГОДИНА
Next Article НЕВООБИЧАЕНА КРАЖБА: ТИНЕЈЏЕРИ УКРАЛЕ КНИГИ

