Курт Кобејн, фронтмен на бендот Nirvana, беше пронајден мртов на 5 април 1994 година во својот дом во Сиетл, а подоцнежната истрага заклучи дека станува збор за самоубиство. Сепак, речиси 32 години подоцна, ексклузивен извештај на Daily Mail сугерира дека пресудата можеби не е точна и дека можеби станува збор за убиство.
-Ова е истрага спроведена од неформален тим на форензички експерти, кои детално ги анализирале резултатите од обдукцијата на Кобејн, сите докази пронајдени на местото на настанот, како и изјавите од експертот Брајан Барнет.
По прегледувањето на достапните докази, Барнет отворено изјави:
“Ова е убиство. Мораме да направиме нешто.”
Според неговото мислење, доказите не соодветствуваат со смрт од прострелна рана и се сомнева дека во инцидентот можеби биле вмешани најмалку две лица.
Нова теорија сугерира дека нападателите наводно го принудиле Кобејн да земе хероин, а потоа го застрелале во главата, по што му го ставиле пиштолот во рацете и лажирале белешка за самоубиство, пишува Дејли Меил.
“Некроза на мозокот и на црниот дроб се јавува при предозирање, но не и при смрт од огнено оружје”, објаснува независната истражувачка Мишел Вилкинс, пренесува британскиот медиум.
Сепак властите сметале дека нема нови докази кои би оправдале повторно отворање на случајот.
“Нашата институција секогаш е подготвена да ги преиспита своите заклучоци доколку се појават нови докази, но досега не сме виделе ништо што би оправдало повторно отворање на случајот. Нашата претходна одлука за причината на смртта останува на сила”, изјави портпарол на Канцеларијата на судскиот вештак за Дејли Меил.
Б.Н.

