Поради обилните врнежи и наглото влошување на состојбата на терен, Општина Кичево веднаш организираше координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот, соопштија од општината.
Додаваат дека на терен се ангажирани екипи и механизација, со насочени активности кон најкритичните точки, и тоа:
расчистување на одводни правци и критични делници,
отстранување наноси, кал и отпад што го блокираат одливот,
чистење и пробивање канали и пропусти,
испумпување вода и обезбедување пристап до загрозени домаќинства, каде што условите тоа го дозволуваат.
-Интервенциите се реализираат во постојана и директна координација со ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијална противпожарна единица – Кичево. Општина Кичево упатува сериозен апел до граѓаните:
да не се движат низ поплавени подрачја и да избегнуваат ризични делници,
да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа,
да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата, велат од општината.
Посочуваат дека Општина Кичево останува целосно ангажирана и ќе продолжи со интензивни активности сè додека состојбата не се стабилизира, а јавноста ќе биде редовно информирана преку официјалните канали.
Деск

