Вчера во 11:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека во Ургентен центар Тетово е донесено бебе без знаци на живот, соопштија од СВР Тетово.
-Веднаш било постапено и е констатирано дека се работи за пет неделно бебе на И.А.(37) од Тетово. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и лекар од судска медицина, при што не се пронајдени траги на насилство, истакнаа од секторот.
Додаваат дека по наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција и се работи на целосно расчистување на случајот.
Деск

