Секторот за внатрешни работи Охрид ја известува јавноста дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армијата.
-При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето, истакнаа од секторот.
Деск
УТРЕ НАУТРО ОД ЧЕТИРИ ЧАСОТ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ВОЕНА ВЕЖБА НА БЕЛГИСКАТА И МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА КАЈ РАДОЖДА
1 Min Read
Previous Article500 ОБЈЕКТИ СЕ ОШТЕТЕНИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СЕЛО ФОРИНО

