Спасен е млад Данец кој бил повреден од снежна лавина за време на скијање на Попова Шапка, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово.
Како што информираат од секторот, вчера во 14:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на Попова Шапка, кај местото викано „Церипашина“, има повредено едно лице.
-Екипа од друштво за спортски и други услуги со специјално возило во 16:10 часот го пронашла лицето Ф.М.Л. (24) од Данска, кој, според пријавеното, бил повреден од снежна лавина додека скијал.
По укажаната помош, лицето со амбулантно возило е пренесено во приватна болница во Скопје, истакнаа од СВР Тетово.
Деск

