Голема физичка пресметка се случила во раните утрински часови вчера во Неготино, во која учествувале пет лица, а како што информира Секторот за внатрешни работи Велес, од една страна учествувало едно лице, а пак од другата страна биле вмешани четворица.
-На 18.02.2026 во 04:44 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на ул.„Страшо Пинџур“ во Неготино бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Д.(51) од Неготино, од една страна и А.Т.(46), М.Т.(44), П.Р.(28) и Т.Р.(60), сите од Неготино, од друга страна, велат од полицијата.
Додаваат дека по целосно документирање на настанот, против сите учесници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Деск

