Вчера околу 10:40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(45) од Скопје со кои се здобил додека извршувал работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Ѓорче Петров, соопшти МВР.
Од министерството додаваат дека за случајот е известен е трудов инспектор.
Ден претходно пак, исто така во Скопје, во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Веста за смртта на младото момче ја потресе јавноста и додека се очекува официјална потврда за околностите на несреќата, актуелни се апелите за засилени контроли за безбедност при работа.
Деск

