Дваесет и деветгодишна жителка на Велес е уапсена откако со специјален алат се обидела да провали во семеен дом во градот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 27 јули околу 05:25 часот, кога полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода В.К. (29).
Како што соопшти полицијата, жената со употреба на физичка сила и подесен, односно специјален алат, влегла во дом во сопственост на Ф.С. од Велес и се обидела да одземе предмети. Полициските службеници ја затекнале и ја привеле на лице место.
По приведувањето во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против осомничената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

